Претставување

Уште од основањето на Сигма-СБ во 1995 год. Enterprise Resource Planning (ERP) системите секогаш биле главна специјалност во деловните активности. Во последните години богатството на знаење и искуство се надгради до сеопфатен пристап во широк опсег на консалтинг и технички услуги за автоматизација со управувањето со бизнис процесите кај деловните корисници.

Растот на Сигма-СБ е стабилен. Има високо образовани и обучени професионалци; 80% од нашите вработени имаат универзитетска диплома. Нашите производи и услуги започнуваат од планирање, дизајнирање, апликативен развој, креирање на различни софтверски решенија до професионален деловен консалтинг и обуки за управување со податоци и бизнис процес инженеринг и т.н. Ние користиме проект менаџмент пристап во планирање, управување и имплементирање на сите наши деловни активности. Ние правиме наши истражувања и развојни студии за областа на нашето дејствување.

Ние се прилагодуваме на нашите клиенти и гарантираме висок квалитет и надежност на резултатите. Ние ја поврзуваме нашата експертиза и искуство во развојот на софтверските апликации, ИТ решенијата, организациските науки, најдобрите пракси, финансискиот менаџмент, …

Главниот приход на Сигма-СБ е во Македонија, иако изведува проекти и во регионот: Косово, Босна и Херцеговина, Албанија и Хрватска.

Ние ја гледаме нашата иднина во обезбедување на комплетни услуги; за таа цел постојано го прошируваме нашето знаење и вештини и нудиме услуги кои го надминуваат традиционалниот начин на размислување во областа на компанискиот менаџмент. Ова исто така се рефлектира на нашиот деловен пристап, што резултира во меѓусебно поврзување на различни дисциплини и експертизи. Како последица на тоа, секогаш ја прилагодуваме нашата организациона форма според потребите на пазарот, навлегувајќи во нови области, откривајќи нови пазарни ниши и развивајќи сервиси чија додадена вредност првично може да се забележи во интердисциплинарноста на резултатите.

Сигма-СБ ги задоволува барањата на European Software Institute за IT-Mark Premium сертификат

За да се запознаете повеќе со нашата компанија погледнете ги: ВизијаМисијаИсторија и  Податоци за Сигма-СБ.