Управување Со Магацин – Прием На Стоки

SSBWMS - receiving

Една од најкритичните операции кои се одвиваат во Вашиот магацин е Приемот на стоки. Затоа е многу е важно да се обезбедат процедури и средства за прием, распакување, сместување и евидентирање на новата залиха и тоа што е можно поефикасно. Колку побрзо се заврши приемот на новите производи, толку поскоро тие ќе станат достапни за продажба

Бидејќи овој процес е на самиот почеток од животниот век на производите во Вашот магацин, секоја грешка или не добро извршена активност при прием, негативно ќе влијае на целиот тек на операции во магацинот.

Еве на што треба да се внимава:

Обезбедете соодветен простор во магацинот наменет само за прием на стоки

Просторот за прием треба да биде соодветно голем според обемот на активности во магацинот. Во најмал случак треба да биде доволно голем во исто време да може да истовари цела пратка на стоки, што најчесто одговара на 33 Еуро палети. Дополнително треба да се обезбеди и простор за магацинските работници да може да манипулираат со примените стоки (распакување, класификација, броење, проверка за можни оштетувања на стоките и подготовка за складирање. При тоа просторот треба да е соодветен за да се избегне оштетување на стоките при нивна манипулација,

Евидентирајте ги сите детали

Добро е да се евидентираат сите релевантни детали околу приемот на стоки кои подоцна ќе обезбедат да се направи ревизија на сите случки кои настанале за време на приемот. За таа цел, покрај сите останати податоци, потребно е да се забележи и точното време на операцијата и кој ја направил таа операција. Со тоа во моментите кога треба да се анализират настанатите проблеми, ќе имате можност да го прегледате текот на операциите и да ја откриете директната причина за настанување на проблемот.

Назначете работници за прием на стоки

Приемот на стоки е една од најкритичните операции во магацинот, која доколку добро не се изврши ќе има големо влијание врз останатите операции. Грешките направени при прием многу потешко се отстрануваат подоцна, и одземаат многу време. Затоа, приемот треба да се додели на работници кои за тоа се добро обучени. Операцијата за прием треба да биде завршена за најкраток временски период, бидејќи е потребно брзо да се заврши приемот за да може стоките да бидат достапни за продажба. Затоа навремено назначете ги работниците за секој прием кој го очекувате.

Класифицирајте ги производите на посебни палети

Доколку при приемот добавувачот ви испорача различни производи на иста палета, класифицирајте ги производите според тип на производ на посебни палети. На овој начин ќе можете побрзо и полесно да направите преглед на стоките. Доколку работите со производи каде е важен рокот на траење, раздвоете ги истите производи со различен рок на траење на различни палети. Само на овој начин ќе оезбедите FEFO (First Expired First Out) систем на издавање на стоките од магацинот.

Оштетените производи и производите со краток или поминат рок издвојте ги на посебна палета и сместете ги во посебен дел од магацинот, за да може да имате јасна слика на состојбата во магацинот

Внимателно проверете ја и означете ја примената стока

Единствено место каде навремено може да се утврди физички недостиг на количина е при опрацијата за прием. При броењето, проверете го и квалитетот на производите, дали има оштетувања, дали се соодветно спакувани и означени.При ова евидентирајте го Лотот и рокот на производот и соответно означете ја секоја палета (етикета со SSCC код) за да го обезбедите нејзиното идентификување низ целиот нејзин пат низ магацинот.

Сместување

Внимателно прегледаните и означените палети сместете ги во соодветен дел од магацинот: во делот за чување или делот за пикирање.

Ажурирајте ја залихата

После комплетираноиот прием, ажурирајте ја залихата во софтверот за материјално и комерцијално работење со новопримената количина и со нејзиниот статус за да може продажниот тим да започне со продажба

Call Sigma-SB

Потребно Ви е решение за управување со залихите во магацин?

Заштедете време и напор и закажете необврзувачки консултативен разговор, за да дознаете како може да имплементирате WMS кај Вас !