SSB WMS – Warehouse Management System – Управување со магацин

Операциите во магацинскиот простор пратат математичка логика – кога артиклите се подигнати од виљушкарот, нивото на залихата во магацинот се намалува, ако се направат промени во нарачката, редоследот на активности во магацинот се менува. Без соодветна алатка за ефективно управување на постојано променливите статуси на секојдневните операции, Вие може лесно да ја пропуштите можноста за оптимизирање на перформансите на магацинот и да се елиминираат непотребните трошоци.

SSB WMS, од Сигма-СБ, е моќна алатка која во реално време овозможува контрола на сите движења на стоките, операторите и виљушкарите. Решението ги оптимизира операциите во магацинот во реално време, обезбедувајќи истовремено ажурирање на позициите на стоката и оптимизирајќи ја распределбата на задачи, приоритизирањето на нарачки, дополнувањата и пикирањето. Ова решение овозможува со исто ниво на трошоци значајно да се зголеми бројот на операции во магацинот.

SSB WMS ги интегрира работата на операторите и опремата и користи активни радио терминали (мобилни уреди) за да ги организира операциите во магацинот во реално време од прием до испорака. Решението овозможува:

    • Директна електронска распределба на задачите во реално време преку мобилните уреди
    • Организирање на движењето на стоките со пристап just-in-time
    • Намалување на трошоците со емлиминирање на користењето на хартија и времето на чекање на операторите.
    • Стандардизирање на работата на виљушкарите и котрола на утоварот во возила
    • Брз одзив на итни барања

SSB WMS нуди лесна имплементација со стандардизиран интерфејс кој овозможува интеграција со постоечки системи и различна радио опрема. За да дознаете како да го искористите SSB WMS и сите останати докажани решенија од Сигма-СБ да работат за Вас, Ве молиме да нé контактирате.