SSB Store – Управување со продажни објекти

Во бизнисот со малопродажба и големопродажба, организацијата на продажбата се појавува во сите облици и големини – големи или мали продажни објекти, централно контролирани или автономни, микс од продажни канали или специјализирани. Секој продажен објект има своја специфичност, но сите имаат иста заедничка основна потреба: можност ефективно да се управуваат продажните операции.

SSB Store е сеопфатна алатка за управување со продажните операции за сите видови на продажни канали. Решението може да се адаптира на било кој тип на организација и да Ви овозможи ефективно управување на продавници од било која големина. Управувањето може да биде централизирано за корпоративна организација или децентрализирано за автономни операции.

SSB Store овозможува голем број на позадински алатки вклучувајќи контрола на артикли и добавувачи, организација за дополнување, управување со цени и контрола на фактурирање. Вам ќе ви овозможи:

    • Автоматска калкулација на профит и маржа по производ
    • Утврдување на оптимални продажни ценовници, водејќи сметка за производите, нарачките и конкуренцијата
    • Организирање на продажни кампањи преку специјални цени и попусти
    • Систем за пратење на залихата и дополнување

SSB Store е докажано решение кое се користи од продавачите во регионот ефективно да управуваат со специфичните потреби на продажните објекти со различни карактеристики и предизвици. За повеќе информации како да го ставите SSB Store и останатите решенија на Сигма-СБ да работат за вас, Ве молиме да нé контактирате.