Сигма-СБ Warehouse Management System (SSBWMS)

 

На настанот организиран од Сигма-СБ на 08.05.2018 е презентирано софтверското решение за магацинско работење SSBWMS (Sigma-SB Warehouse Management System) кое ги поседува најнапредните можности и е моќна алатка која овозможува контрола на движење на стоките, операторите и виљушкарите, односно го управува автоматски целиот магацински простор.

Решението претставено од Сигма-СБ за магацинско работење има можност да ни го унапреди начинот на работење и целокупната дистрибуција во нашата компанија – изјави еден од учесниците.

Системот за магацинско работење е специјализиран софтвер неопходен за една модерна компанија, дизајниран за поддршка и оптимизација на еден магацин, складиште или дистрибутивен центар. WMS софтверот ви овозможува менаџирање со дневните планови, организацијата, следењето на достапните ресурси

WMS системите се воглавно тактички алатки, користени од страна на бизниси за да ги задоволат уникатните потреби на своите клиенти во нивниот ланец на снабдување или ланец на дистрибуција, претежно кога инвентарот е преголем за да се менаџира мануелно, се со цел да се унапредат перформансите или е потребна поддршка на растот на продажбата.

Решението на Сигма-СБ ви обезбедува и ажурирање на позициите на стоката и ја оптимизира распределбата на задачите, го следи приоритетот на нарачките, дополнувањето и пикирањето. SSB WMS ви овозможува со пониско ниво на трошоци значително да го зголемите бројот на операции во вашиот магацин или дистрибутивен центар. Притоа, лесно овозможува оптимизирање на перформансите и елиминирање на непотребните трошоци.

SSBWMS системот претставува централна единица во софтверската структура на еден магацин. WMS системот користи дата на податоци за поддршка на операциите во еден магацин, кој ги содржи деталите за различни стандардни елементи вклучувајќи и: Индивидуални единици за чување на стоки (SKU), локации за складирање, ги следи очекуваните стапки на продуктивност на трудот, а исто така има и функции за планирање на севкупната работа во магацинот, организација на нарачките, менаџирање на персоналот и нивната работа, обезбедува документирани процеси и процедури инз константното работење, како и контрола, односно следење на прогресот на работа во текот на денот.

SSB WMS ги интегрира работата на операторите и опремата и користи активни радио терминали (мобилни уреди) за да ги организира операциите во магацинот во реално време од прием до испорака. Решението овозможува:

  1. Директна електронска распределба на задачите во реално време преку мобилните уреди
  2. Организирање на движењето на стоките со пристап just-in-time
  3. Намалување на трошоците со елиминирање на користењето на хартија и времето на чекање на операторите.
  4. Стандардизирање на работата на виљушкарите и котрола на утоварот во возила
  5. Брз одзив на итни барања.

SSB WMS нуди лесна имплементација со стандардизиран интерфејс кој овозможува интеграција со постоечки системи и различна радио опрема.

За повеќе информации во однос на софтверското решение контактирајте го тимот на Сигма-СБ на електронската пошта info@sigmasb.com.mk или на телефонскиот број 02/3065-944.