Решени сте да основате сопствена компанија, но не немате доволно информации? Sigma-SB обезбеди упатство за регистрација на фирма со чекори кои се потребни да се направат за да ја реализирате вашата визија и да ја направите Вашата прва фактура.

Еве дел од упатството:

00 Вовед

00-1 Направете истражување

Најверојатно веќе сте ја идентификувале бизнис идејата, па сега е време да се балансира со малку реалност. Дали вашата идеја има потенцијал да успее?

Со цел малиот бизнис да биде успешен, тој мора да исполни потреба или да понуди нешто што сака пазарот.

Постојат неколку начини на кои можете да ја идентификувате оваа потреба. Додека го истражувате пазарот, некои од прашањата што треба да ги одговорите вклучуваат:

  1. Дали има потреба од вашите очекувани производи / услуги?
  2. Кому му е потребно?
  3. Дали има други компании кои нудат слични производи / услуги сега?
  4. Каква е конкуренција?
  5. Како вашиот бизнис ќе се вклопи во пазарот?

00-2 Направете план

Потребен е план за да ја направите вашата бизнис идеја реалност. А бизнис план е план што ќе го води вашиот бизнис од фазата на start-up до раст на бизнисот. Добрата вест е дека постојат различни видови на бизнис планови за различни видови на бизниси.

00-3 Планирајте ги вашите финансии

Отпочнувањето на мал бизнис не бара многу пари, но тоа ќе вклучи некоја почетна инвестиција, како и можноста да ги покрие тековните трошоци пред да направите профит. Направете табела за кои би биле еднократни почетни трошоци за вашиот бизнис (лиценци и дозволи, опрема, осигурување, истражување на пазарот, инвентар, trademarking, договори за закуп на имот, итн), како и оние трошоци кои се потребни да може да функционира вашиот бизнис за најмалку 12 месеци (кирија, комуналии, маркетинг и рекламирање, производство, материјали, патни трошоци, плати на вработените, своја плата, итн.) Овие бројки би претставувале почетната инвестиција која ќе ви биде потребна за отпочнување на сопствен бизнис.

01 Основање на компанијата

01-1 Назив на компанијата

Ова е прв и доста битен чекор. Пред било што да започнете мора да имате идеја за тоа како би се викала Вашата компанија. Откога сте го смислиле името, на веб страната на Централниот регистар на Р.М (ЦРМ) проверувате дали тоа име е слободно или не. Доколку е слободно преминувате на следната фаза од овој чекор, а доколку не е барате име кое сеуште не е заведено во ЦРМ.

01-2 Оснивачки Влог

Согласно Законот за трговски друштва (ЗТД) за да основате Друштво со ограничена одговорност (ДООЕЛ – друштво основано од едно лице, и ДОО – друштво основано од повеќе лица), потребно е да внесете влог од 5000,оо ЕВРА. Тој влог може да биде паричен или непаричен влог.

Паричниот влог можете да го внесете веднаш со самото основање на компанијата, но можете да го внесете и дополнително, но не покасно од една година од основање на компанијата.

За Непаричен влог, овластен проценител врши проценка на предмети кои ги вложувате во компанијата (на пр. Компјутер, телефон, принтер итн), и изготвува  извештај за проценка за основање на трговското друштво.

01-3 Изјава/Договор за основање на Компанијата

Доколку се основа ДООЕЛ во тој случај се изготвува Изјава за основање на Друштвото, а кога се основа ДОО во тој случај се изготвува Договор за основање.

Изјавата односно Договорот за основање треба да ги содржи следните податоци:

  1. Фирмата и седиштето на Друштвото,
  2. Предметот на работењето на Друштвото,
  3. Името и презимето, ЕМБ, бр. на лична карта, односно број на пасош доколку основачот е странско физичко лице или друга исправа за утврдување на идентитетот важечка во неговата земја и негово државјанство, местото на живеење, односно фирмата, седиштето, МБС ако содружникот е правно лице,
  4. Износот на основната главнина (влогот)
  5. Начинот и времето на уплата на паричните влогови што не се уплатуваат во целост;
  6. Името и презимето на управителот, на членовите на надзорниот одбор, односно на контролорот, ако друштвото има орган за надзор, ЕМБГ, занимањето, бројот на пасошот, односно бројот на личната карта за странско физичко лице или на друга исправа за утврдување на идентитетот-важечка во неговата земја и неговото државјанство, како и местото на живеење,
  7. Застапувањето на друштвото;
  8. Правата и обврските што содружниците ги имаат спрема друштвото, покрај уплата на своите влогови, како и правата и обврските коишто ги има друштвото спрема основачите;
  9. Начинот и мерилата на распределба на добивката и начинот на покривање на загубата;
  10. Управувањето на друштвото и
  11. Престанување на друштвото.

Подружница

Доколку планирате дејноста на вашето друштво да ја водите надвор од местото каде што ви е регистрирана компанијата, потребно е да организирате подружница. Подружницата може да ја организирате веднаш со регистрацијата на друштвото, доколку веднаш би започнале да работите со неа.

Но, таа може и да се регистрира во било кое време за време траењето на друштвото.

01-4 Изјави

  1. Изјава по член 29 дека не постојат ограничувања за основање на трговско друштво,
  2. Изјава по член 32 дека дека друштвото сте го основале во согласност со законот и податоците содржани во прилозите коишто ги поднесувате кон пријавата за упис на основањето во трговскиот регистар се вистинити и се во согласност со законот.
  3. Изјава по член 35 за непаричниот влог на Душтвото
  4. Изјава по член 183 точка 7 дека управител на друштвото прифаќа изборот. (заверена на нотар)

01-5 Отварање на сметка во Банка

Кон пријавата за основање на Друштвото се наведува Банката во која сакате да биде сметката на Друштвото, која се активира по добивањето на решението за основање од ЦРМ.

01-6 ЗП и ПО обрасци

ЗП образецот се заверува на нотар од страна на управителот, во кој се наведени називот на компанијата, седиштето, Името и Презимето на Управителот, ЕМБ на управителот и своерачен потпис од Управителот.

По образецот се пополнува електроснки од овластен регистрационен агент

01-7 ПЕЧАТИ

 Многу е битно во оваа фаза да се поднесе барање за печати, за да можете веднаш по добивањето на решението да продолжите со остатокот од чекорите.

 По два до три дена ЦРМ издава решение дека компанијата е основана.

Па Ви честитаме. Вие сега сте сопственик на компанија.

Целото Упатство за основање на компанија можете да го добиете на вашата e-mail адреса со пополнување на контакт формата.

Побарај цело Упатство за основање на компанија