Оглас за работно место БИЗНИС АНАЛИТИЧАР – ИМПЛЕМЕНТАТОР

СИГМА-СБ  компанија за развој и имплементација на софтвер и хардверски решенија, носител на еден од најпрестижните домашни софтвери, ССБ-ЕРП, за целосно  управување со работењето и  унапредување на севкупните процеси во компаниите, има потреба од пополнување на работнo местo:

Бизнис аналитичар – Имплементатор

Работни задачи: 

  • Анализа и документирање на потребите на корисниците на софтвер
  • Пишување на јасни, концизни и недвосмислени функционални спецификации за софтвер
  • Прибирање, разбирање и пренесување на барањата на корисниците во облик на функционална спецификација
  • Управување со промени надоговорените барањата во однос на рок и содржина, за да се обезбеди договорените рокови да бидат       исполнети
  • Tесна соработка со проектменаџери и програмери за да се обезбедат најдобри резултати
  • Извршување на проектни активности според дефинирани проектни задачи
  • Дефинирање на задачи за извршување
  • Контрола (тестирање) на резултатот на доделените задачи
  • Организирање и спроведување на обуки според кориснички потреби
  • Подготовка на Извештаи за статус на проект

Вештини:

  • Напредно познавање на бизнис процеси
  • Напредно познавање на економска терминологија која се користи во областа на компаниски менаџмент
  • Одлични аналитички вештини
  • Напредни комуникациски вештини
  • Напредни вештини за пишување
  • Вештина за работа на повеќе проекти и менаџирање на сопственото време
  • Основно ниво на техничко знаење

Области од коие потребно знање (општо познавање):

  • Општ бизнис менаџмент
  • Финанскиски менаџмент
  • Управување со производство,  трговија и залихи
  • Управување со дистрибуција и големопродажба
  • Малопродажба
  • Човечки ресурси

Образование (посакувано): 

  • Бизнис администрација – општ менаџмент, финансиски менаџмент или
  • Економија – сметководство, е-бизнис, финасии или
  • Компјутерски науки – програмирање, администрација на бази на податоци, дизајн на софтвер

Предност ќе имаат кандидатите кои имаат

  • Солидно познавање на бази на податоци (MS SQL)
  • Искуство во имплеметација на ЕРП системи

Пријавување :

Испартете CV на е-mail: rabota@sigmasb.com.mk  .

Огласот е објавен на 20.08.2018 г. Отворен е до пополнување на работното место.