Визија

Визија

Сигма-СБ е снабдувач на специјализирани ИТ решенија за управување со бизнисите. Со своите клиенти остварува долгорочно стратегиско партнерство и претставува столб во сите фази на развојот, имплементацијата и надградбата на информатичките системи кај нашите клиенти. Сето тоа со цел за зголемување на нивната успешност и раст.

Компанијата од 1995 год. до денес стана препознатлива по испораката на комплексни решенија за компаниски менаџмент, кои покрај софтверски производи и опрема вклучуваат и консалтинг за управување со податоци. Ќе работиме на одржување на стекнатото реноме на компанија која работите ги извршува до крај.

Ние веруваме дека преку користењето на добро дизајнирани и добро имплементирани информатички системи бизнисите можат да ја зголемат својата конкурентност и да станат поуспешни во сите области од деловното работење.

ВИЗИЈА: ДА ГИ НАПРАВИМЕ ДОБРИТЕ КОМПАНИИ ДА СТАНАТ УШТЕ ПОДОБРИ ПРЕКУ ВОДСТВО ВО НИВНАТА ДИГИТАЛНА ТРНСФОРМАЦИЈА

Од тие причини, Сигма-СБ е посветена кон постојано вложување во развој на сопствените капацитети, производи и услуги, со што ќе може уште подобро да одговори на сé поголемиот број на предизвици кои модерните трендови ми ги наметнуваат на нашите клиенти. За успешно да одговори на барањата, Сигма-СБ вложува во своите вработени преку постојани обуки, специјализации и сертификати. Ние се обидуваме да најдеме најдобро можно техничко и организациско решение за постојните, но и за идните потреби на нашите корисници. За таа цел континуирано ги пратиме светските трендови и ги вградуваме во нашите производи и услуги.

Сигма-СБ посебно внимание посветува кон компаниите кои веќе ја искажале нивната доверба и ни дозволиле да ја докажеме нашата посветеност и стручност при решавањето на нивните потреби за подобрување на деловните процеси. Тоа нас уште повеќе не мотивира да се развиваме и растеме, за да можеме во иднина да одговориме на многу покомплексни предизвици кај нашите клиенти, се со цел не само да го задржиме нивото на нивното задоволство, туку и значително да ги надминеме нивните очекувања.

Во најголем број случаи воспоставената деловна соработка со нашите клиенти ја надминува границата клиент/снабдувач и преминува во долгорочно партнерство. Сигма-СБ ја игра улогата на ИТ менаџер во компаниите. Со ова нашата одговорност не е само да ги доставиме побараните решенија, туку да се грижиме за иднината на нашите клиенти.

Сите наши производи се изградени врз основа на искуството на нашите клиенти (customer experience). На тоа практично искуство, тимот на Сигма-СБ ја додава својата експертиза од ИТ аспект и кога сето тоа ќе се спореди со најдобрите пракси од областа кои се во примена ширум светот, се добива квалитетен производ кој од една страна е едноставен и лесен за користење, а од друга страна комплетно ги задоволува потребите на корисниците.

Долгогодишното искуство во реализација на голем број на проекти ја зголеми нашата експертиза на највисоко можно ниво во регионот. Нашите решенија даваат огромна конкурентна предност на нашите клиенти кои се во следните индустрии:

    • Индустриско производство
    • Дистрибуција на стоки
    • Малопродажба
    • Електронски продавници
    • Сервис на возила и опрема
    • Финансиски услуги
    • Организација на транспорт
    • Бензиски пумпи