Мисија

Нашата мисија е да ја направиме технологијата достапна и употреблива за нашите клиенти, а со тоа управувањето со бизнисот да го направиме поедноставно.

Сигма-СБ на своите клиенти им врши трансфер на know-how преку професионален бизнис консалтинг и современи информатички-комуникациски решенија во кој е вграден одговор на нивните специфични потреби. Ова го прави за да им помогне да бидат поуспешни и поконкурентни и да им овозможи раст преку користење на нивниот целосен бизнис потенцијал, заштеда на нивното време и пари, со подобрување на ефикасноста на внатрешните ресурси.