Дома За Сигма-СБ
Претставување PDF Е-пошта

 

Уште од основањето на Сигма-СБ во 1995 год. Enterprise Resource Planing (ERP) системите секогаш биле главна специјалност во деловните активности. Во последните години богатството на знаење и искуство се надогради до сеопфатен пристап во широк опсег на консалтинг и технички услуги за автоматизација со управувавувањето со бизнис процесите кај деловните корисници.

Растот на Сигма-СБ е стабилен. Има високо едуцирани и обучени професионалци; 80% од нашите вработени имаат универзитетска диплома. Нашите производи и услуги започнуваат од планирање, дизајнирање, апликативен развој, креирање на различни софтверски решенија до професионален деловен консалтинг и обуки за управување со податоци и бизнис процес инженеринг и т.н. Ние користиме проект менаџмент пристап во планирање, управување и имплементирање на сите наши деловни активности. Ние правиме наши истражувања и развојни студии за областа на нашето дејствување.

Ние се прилагодуваме на нашите клиенти и гарантираме висок квалитет и надежност на резултатите. Ние ја поврзуваме нашата експертиза и искуство во развојот на софтверските апликации, ИТ решенијата, организациските науки, најдобрите пракси, финансискиот менаџмент, ...  

Главниот приход на Сигма-СБ е во Македонија, иако изведува проекти и во регионот: Косово, Босна и Херцеговина, Албанија и Хрватска. 

Ние ја гледаме нашата иднина во обезбедување на комплетни услуги; за таа цел постојано го прошируваме нашето знаење и вештини и нудиме услуги кои го надминуваат традиционалниот начин на размислување во областа на компанискиот менаџмент. Ова исто така се рефлектира на нашиот деловен пристап, што резултира во меѓуповрзување на различни дисциплини и експертизи. Како последица на тоа, секогаш ја прилагодуваме нашата организациона форма според потребите на пазарот, навлегувајќи во нови области, откривајќи нови пазарни ниши и развивајќи сервиси чија додадена вредност првично може да се забележи во интердисциплинарноста на резултатите.

Сигма-СБ ги задоволува барањата на Europian Software Insititute за IT-Mark Premium сертификат

За да се запознаете повеќе со нашата компанија погледнете ги: Визија, МисијаИсторија и  Податоци за Сигма-СБ

 
English (United Kingdom)   Croatian(HR)   Македонски (Macedonia)

Контакт

Сигма-СБ

Прашка 23
1000 Скопје

+389 2 3065 944
info@sigmasb.com.mk

By A Web Design

Анкета

Дали користите ERP софтвер?
 

За Сигма-СБ

Сигма-СБ е специјализирана компанија за имплементација на IT решенија за компаниски менаџмент. Ние ги оптимизираме финансиското работење, набавките, производството, логистиката, продажбата и други процеси во компаниите за да ги зголемиме нивните приходи и маржи, да го намалиме времето за реализација, трошоците и губитоците и да ја подобриме достапноста на нивните производи и услуги. Основана во 1995 год, Сигма-СБ зад себе има докажана реализација на успешни проекти за познати регионални и македонски компании. За повеќе информации околу можностите кои ги даваат решенијата од Сигма-СБ и како да ги ставите во фукција кај Вас, Ве молиме да нé контактирате веднаш.