| Опрема - услуги за избор, набавка и одржување |
|
|
|
Информатичката опрема претставува основа за функционирање на ИТ системите. Од изборот на квалитетот на опремата во употреба зависи квалитетот на целосниот ИТ систем врз кој се базираат деловните процеси. Денес ИТ опремата има не помало значење за компаниите од било која друга опрема: машини, возила.. Затоа кон изборот на типот и производителот на опремата треба да се пријде со крајно внимание. Од тоа зависи иницијалниот трошок, но и трошокот за одржување. Но уште поголемо влијание на изборот има фактот дека таа опрема се користи како интегрален дел од деловните активности, каде секој застој значи загуба. Според тоа, опремата треба да одговара на користењето, т.е. да го задоволи најминималното ниво на квалитет кое местото на употреба го налага. Денешните трендови на брз технолошки развој предизвикуваат брза промена на технологиите, а со тоа и на опремата која се користи. Сето тоа го прави изборот на опрема уште посложен.
Наш пристапСигма-СБ е партнер на многу производители и дитрибутери на опрема со кои остварува долгорочна соработка. Преку ова партнерство Сигма-СБ воспоставува канали за размена на информации за стандарди, критериуми и нови трендови во производството на информатичката опрема. Нашиот продажен и технички тим постојано ги прати и анализира промените и донесува одлуки за избор на стандардна опрема за реализација на различни видови на проекти. Соодветно на тоа се прават обуки на техничкиот персонал за инсталација, користење и одржување на опремата.
Наши услуги
Партнерства:
Сигма-СБ е авторизиран ИБМ реселер за подрачјето на Република Македонија.
Sigma-SB е авторизиран Motorola Partner Select authorized reseller partner за подрачјето на Република Македонија |
Сигма-СБ е специјализирана компанија за имплементација на IT решенија за компаниски менаџмент. Ние ги оптимизираме финансиското работење, набавките, производството, логистиката, продажбата и други процеси во компаниите за да ги зголемиме нивните приходи и маржи, да го намалиме времето за реализација, трошоците и губитоците и да ја подобриме достапноста на нивните производи и услуги. Основана во 1995 год, Сигма-СБ зад себе има докажана реализација на успешни проекти за познати регионални и македонски компании. За повеќе информации околу можностите кои ги даваат решенијата од Сигма-СБ и како да ги ставите во фукција кај Вас, Ве молиме да нé контактирате веднаш.