| Следливост и Безбедност - Презентација на ГС1 Македонија и Сигма-СБ |
|
|
| Вторник, 29 Ноември 2011 08:21 |
|
Сигма-СБ, како член поддржувач на GS1, на работилницата ќе презентира комплетно решение за означување на производи со променлива тежина и/или производи кои имаат рок на траење со баркодирање од типот GS1 Databar. Исто така ќе биде презентирано и решение за формирање на логистички етикети за транспортни пакувања и палети со баркодирање од типот GS1-128 и SSCC.
Агенда:
На работилницата се поканети членките на GS1 Македонија од индустријата за месо и преработки од месо и од индустријата за млеко и преработки од млеко. |
Сигма-СБ е специјализирана компанија за имплементација на IT решенија за компаниски менаџмент. Ние ги оптимизираме финансиското работење, набавките, производството, логистиката, продажбата и други процеси во компаниите за да ги зголемиме нивните приходи и маржи, да го намалиме времето за реализација, трошоците и губитоците и да ја подобриме достапноста на нивните производи и услуги. Основана во 1995 год, Сигма-СБ зад себе има докажана реализација на успешни проекти за познати регионални и македонски компании. За повеќе информации околу можностите кои ги даваат решенијата од Сигма-СБ и како да ги ставите во фукција кај Вас, Ве молиме да нé контактирате веднаш.