|
Вторник, 29 Ноември 2011 08:21 |
|
На 30.11.2011 (Среда), со почеток од 12:00, во просториите на GS1 Македонија, ул. Маршал Тито бр 19, 2-ри кат, ќе се одржи работилница на тема "GS1 Databar и неговото место во GS1 системот на стандарди" со посебен осврт на примена на GS1 во месната индустрија. Со млечната индустрија истата работилница ќе се повтори на 07.12.2011 со почеток во 12:00, на истото место. Главна тема на работилницата ќе биде GS1 Databar систем за баркодирање и негово користење за означување на производи со променлива тежина и/или производи кои имаат рок на траење.
|
|
Сабота, 12 Ноември 2011 17:23 |
|
Сигма-СБ успешно ја тестираше првата пилот верзија на SSB3 платформата изградена врз Silverlight.NET технологијата на Microsoft. Оваа значи значаен технолошки напредок за софтверските апликации на Сигма-СБ кои во иднина ќе работат исклучиво со користење на web технологија.
За корисниците на софтверските апликации на Сигма-СБ ова значи поедноставување на користењето, подобрен кориснички интерфејс и подобра ефикасност при работењето. |