| SSB Express - за мали претпријатија |
|
|
|
Користете хостирано решение на кое ќе почнете да работите за 15 минути!Многу трговци на големо и мало не сакаат да размислуваат за квалитетни софтверски решенија бидејќи мислат дека за тоа е потребна голема инвестиција. Уште повеќе, за користење на самото софтверско решение се потребни скапи и долги обуки. Набавката на софтвер за деловно работење никогаш не била поедноставна од сега. SSB Express е најмалата верзија на софтверскиот пакет на SSB ERP. Express верзијата е наменета за самостојни трговци кои немаат внатрешно сметководство. Олеснете си го секојдневието, ослободете се од грижата за софтвер, користете хостирано решение за Вашиот бизнис.Сигма-СБ, врз база на своето директно искуство во развој и имплементација на софтверски решенија, специјално дизајнираше решение кое ефикасно ќе одговори на потребите на малите претпријатија:
|
Сигма-СБ е специјализирана компанија за имплементација на IT решенија за компаниски менаџмент. Ние ги оптимизираме финансиското работење, набавките, производството, логистиката, продажбата и други процеси во компаниите за да ги зголемиме нивните приходи и маржи, да го намалиме времето за реализација, трошоците и губитоците и да ја подобриме достапноста на нивните производи и услуги. Основана во 1995 год, Сигма-СБ зад себе има докажана реализација на успешни проекти за познати регионални и македонски компании. За повеќе информации околу можностите кои ги даваат решенијата од Сигма-СБ и како да ги ставите во фукција кај Вас, Ве молиме да нé контактирате веднаш.