еФактура

еФактура

еФактура е модерен начин на испраќање на фактури електронски, без хартија преку WEB-портал или со интеграција со сметководствениот систем

Користење на ефактури во Европа:

  • Данска 75%
  • Финска 55%
  • Шведска 45%

Во 2009 година во Европа се испратени повеќе од 135.3 милијарди еФактури


 

Предности од користење на еФактура:

  1. еФактура носи заштеди во поштенски трошоци и хартија која се користи за печатење и канцелариски материјал
  2. еФактурата доаѓа до примачот многу побрзо и комуникацискиот систем е достапен 24/7
  3. Формирањето на фактурата и нејзиното праќање се случува автоматски. SSBEdi еФактура модулот за автоматско примање и праќање на фактури може да се инсталира и конфигурира на секој сметководствен систем.
  4. Можност за користење на електронски потпис
  5. еФактурите може да се испраќаат во различни формати: XML фахл со електронски потпис, како слика (PDF фајл со скениран потпис и печат) или како фајл во формат на примачот за да може автоматски да се импортира во сметководсвениот систем на примачот.
  6. Можност испратените фактури да се чуваат во архива. Доколку имате потреба за услуга за архивирање на документите, може да биде реализирана со имплеметација на SSBEdiArchive.
  7. Пристапот да архивата е ограничен. Има два вида на пристап: интерни корисници (сметководство) и екстерни (ревизори, даночна инспекција, ..)
  8. еФактурата може да биде испратена и во друга држава бидејжи компанијата се распознава преку GLN код кој го обезбедува GS1.
  9. Можност за автоматско креирање на налози за плаќање во е-банкинг. Во моментов поддржани се е-бакнинг системи на сите банки кои имаат можност за интеграција (импорт на налози).