Управување со снабдувачки канал – Supply Chain Management (SCM)

Supply Chain Management (SCM)

Управувајте го Вашиот снабдувачки канал (SCM) со решенијата на Сигма-СБ

Најсовремените стратегии за управување со снабдувачки канали директно влијат на конкурентноста на претпријатијата. Вашата способност да следите, управувате и ракувате со многу сложени, динамички делови од Вашиот снабдувачки канал игра критична улога во сите сегменти, почнувајќи од условите за набавка и трошоците за транспорт до лојалноста на потрошувачите и пазарното учество.

Со достапноста на разни решенија, изградбата на балансирана стратегија за снабдувачките канали претставува голем предизвик. Докажано е дека специфичноста на индустријата и интеграцијата со алатките кои се користат е основа на успехот.

Со решенијата за управување со снабдувачки канали на Сигма-СБ, трговците можат да ги оптимизираат операциите, да го зголемат правилното користење на ресурсите и информациите и внатре и надвор од организацијата и да обезбедат целосен и постојан поглед врз снабдувачкиот канал.

Едноставни операции, моќно искористени информации, паметни одлуки 

Нашите докажани решенија нудат модули кои може да се користат независно или интегрирани со останатите модули од Сигма-СБ:

    • Извршување на главните трговски операции од набавка, преку логистички канали до крајните купувачи
    • Искористување на предностите на интеграцијата за да се овозможи користење на автоматизирани операции
    • Зголемување на ефикасноста и намалување на трошоците, залихите, искористување на сите деловни можности и оптмизација на користењето на рабoтна сила.
    • Брз одговор на можностите и заканите на двата краја од бизнисот (набавки и продажби)
    • Достигнување на целосен преглед на снабдувачкиот канал, зголемување на безбедноста на производите, искористување на автоматизирано дополнување (replanishment) и следливост на целиот канал.

За повеќе информации околу можностите кои ги даваат решенијата за управување со снабдувачки канали од Сигма-СБ, Ве молиме да нé контактирате.